Грчките земјоделци ќе го блокираат преминот Евзони од 12 до 16 часот
- Грчките земјоделци од северниот дел на земјата денеска го блокираат преминот Евзони (Богородица) кон Северна Македонија за патничкиот и товарниот сообраќај.
Струмица, 26 февруари 2024 (МИА) - Грчките земјоделци од северниот дел на земјата денеска го блокираат преминот Евзони (Богородица) кон Северна Македонија за патничкиот и товарниот сообраќај.
Веста за МИА ја потврди началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев.
-Преминот Евзони ќе биде блокиран од 12 до 16 часот часот за влез на товарни и патнички возила и според информацијата од грчка страна во тој период нема да се пропушта никој, изјави Богев.
Според него, на останатите гранични премини Дојран-Дојрани и Меџитлија-Ники преминувањето е нормално и засега нема најави за блокади на тие гранични премини.
На ГП Евзони ќе се одржи земјоделски собир што ќе започне околу 12 часот по македонско време и во периодот додека трае протестот ќе биде блокиран сообраќајот.рт/цр/
Фото: МИА архива