• недела, 01 септември 2024

Германските безбедносни служби предупредуваат на запаливи средства во воздушниот товарен превоз

Германските безбедносни служби предупредуваат на запаливи средства во воздушниот товарен превоз

Берлин, 30 август 2024 (МИА) – Германските безбедносни власти предупредуваат дека „неконвенционалните запаливи средства“ се испраќаат преку давателите на товарни услуги. Предупредувањето уследи по неколку инциденти во кои пакетите испратени од приватни лица низ Европа се запалиле додека биле во транзит.

Германските власти се свесни за неколку пратки кои биле испратени од приватни лица на локации во Европа и се запалиле на патот до нивните крајна дестинација во неколку европски земји, се наведува во безбедносното известување испратено од германската Федерална криминалистичка полиција.

Предупредувањето е испратено до логистичките и воздухопловните компании, но во него не се споменува Русија.

Според безбедносни извори предупредувањето е поврзано со инцидент во логистичкиот центар на „Де-ха-ел“ (ДХЛ) во источниот германски град Лајпциг, кој делува како глобален центар на компанијата. Во јули таму се запалила пратка испратена од балтичките земји во која имало запаливо средство. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан