• сабота, 23 ноември 2024

Вучиќ: Винска визија на Отворениот Балкан, трет најважен саем за вино во Европа

Вучиќ: Винска визија на Отворениот Балкан, трет најважен саем за вино во Европа

 
Белград, 22 ноемри 2024 (МИА)- Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на отворањето на третиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на отворениот Балкан“ во Белград изјави дека саемот станал трет најважен саем на вино во Европа и нагласи дека тоа е голем заеднички успех на Србија, Северна  Македонија и Албанија, јави дописникто на МИА од Белгард.

-Оваа идеја дојде како заклучок на Белград, Скопје и Тирана. И благодарен сум на сите и жал ми е што Еди Рама вечерва не е со нас. Се надевам дека ќе биде следната година. Благодарам на Христијан (премиерот на Северна Македонија Мицкоски) кој е вечерва со нас.Тоа не е мал труд и сакам да ти се заблагодарам Христијане што го забележа тоа - луѓето вложуваат многу труд за ова, рече Вучиќ.

Тој додаде дека винарите за овој саем се подготвуваат повеќе од шест-седум месеци.

-Ова е според моја проценка и знаете дека имам сознание за тоа, веќе не четврти, туку трет најважен саем на вино во цела Европа. Пред нас се само Винитали и Дизелдорф, но Дизелдорф паѓа, па за една, две или три години да се обидеме да се бориме дури и за второто место и по квалитет, и по број на излагачи и по број на посетители, според сите параметри, нагласи Вучиќ.

Тој посочи дека присуствувале излагачи од 38 земји.

-Тука се дури и од САД, Австралија, но и Јужна Африка, Либан, Мексико, се разбира Франција, Холандија, Обединетото Кралство, Тунис, Уганда. И имаме огромен број на изложувачи од Италија, огромен број од тие кои дојдоа од Народна Република Кина, како посредници, купувачи, излагачи, секој што е дојден да биде со нас, каќа тој.

„Ова е важно за сите нас, да се поврземе, а можете да замислите колку е важно, на пример, на некој од Северна Македонија, ако винарската визба Тиквеш најмногу од своите вина продава убедливо на српскиот пазар“, рече Вучиќ.

На Белградскиот саем до 24 ноември ќе се претстават повеќе од 650 излагачи од бројни винарии, дестилерии и гастрономски компании од 38 земји.

об

Остани поврзан