• четврток, 29 август 2024

Вселенската мисија на Спејс Икс е одложена

Вселенската мисија на Спејс Икс е одложена

Кејп Канаверал, 28 август 2024 (МИА) – Историското лансирање на приватната мисија Polaris Dawn на Спејс Икс е одложено поради „неповолните временски услови“ над Флорида, соопшти компанијата.

Polaris Dawn е комерцијална мисија финансирана од американскиот претприемач милијардер Џаред Ајзакмен, а требаше да биде лансирана утре или задутре. Во мисијата има цивилен екипаж од четворица, кој ќе изведе вселенска прошетка.

Но, Спејс Икс соопшти дека лансирањето е одложено поради лошата временска прогноза за зоната на паѓање на капсулата кај Флорида.

- Polaris Dawn е предизвикувачка мисија со критични цели, така што ќе ја чекаме најдобрата можност за да обезбедиме успех. Понекогаш најтешките патувања бараат најмногу трпение, а ние сме подготвени да го чекаме вистинскиот момент, напиша денеска на Х Ајзакмен, кој е командантот на мисијата.

Нов датум за лансирање на е наведен. Мисијата е заеднички проект на Ајзакмен, основачот на технолошката компанија Shift4 Payments и Спејс Икс на Илон Маск.

Планирано е да трае најмногу пет дена и четворицата членови на екипажот да патуваат дури 1.400 километри од Земјата во капсулата SpaceX Dragon по лансирањето на ракетата Falcon 9 од вселенскиот центар Кејп Канаверал. јт/

Остани поврзан