• сабота, 23 ноември 2024

Врховниот суд на САД ја отфрли тужбата против Фејсбук за измама со хартии од вредност

Врховниот суд на САД ја отфрли тужбата против Фејсбук за измама со хартии од вредност

Вaшингтон, 22 ноември 2024 (МИА) -  Американскиот Врховен суд денеска ја отфрли тужбата против Фејсбук за измама со хартии од вредност.

Судот денеска не донесе одлука дали да им дозволи на акционерите да продолжат да го тужат Фејсбук поради наводна измама со хартии од вредност, за кои тие тврдат дека социјалната мрежа ги заведувала инвеститорите со злоупотреба на податоците на корисниците.

Врховниот суд одлучи да не го реши основниот правен спор, сметајќи дека случајот не требало да го разгледува тој суд. зш/

Остани поврзан