• недела, 22 септември 2024

Во Јужна Каролина извршена прва смртна каза по 13 години

Во Јужна Каролина извршена прва смртна каза по 13 години

Колумбија, 21 септември 2024 (МИА) - Во првата егзекуција во Јужна Каролина по 13 години, Фреди Овенс (46), кој беше погубен, беше осуден за убиство на службеник во продавница во Гринвил во 1997 година за време на вооружен грабеж.

Додека траеше судската постапка против него, Овенс убил уште еден затвореник во окружниот затвор.

Неговото признание за нападот беше прочитано пред две различни пороти и судија, кои сите го осудија на смрт. зш/

Остани поврзан