• понеделник, 23 септември 2024

Во Србија очекуваат задолжителниот воен рок да се спроведува од септември идната година

Во Србија очекуваат задолжителниот воен рок да се спроведува од септември идната година

Белград, 21 септември 2024 (МИА) - Премиерот н Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека идејата задолжителниот воен рок, во траење од 75 дена, да започне во септември 2025 година, односно првата класа војници да биде есента истата година.

Тој додаде дека во овој момент не станува збор само за промена на законот и административно технички мерки, туку ќе следи подготовка на касарни, логистички, медицински центри каде ќе се прегледуваат регрутите.

„Тогаш да го подготвиме целиот процес и обука што ќе биде предизвик за нашите офицери и подофицери, кои за 75 дена ќе ја извршат основната воена обука за новата армија, односно нашите нови регрути“, рече Вучевиќ. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан