Во Ресен почна манифестацијата „Преспански јаболкобер 2024“
- Со театарската претстава „Златка и трите мечки“ и драмската претстава „Ум со Ѓум“, синоќа во Ресен почна традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер 2024“.
Ресен, 25 септември 2024 (МИА) - Со театарската претстава „Златка и трите мечки“ и драмската претстава „Ум со Ѓум“, синоќа во Ресен почна традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер 2024“.
Според програмата, вечер во кино салата во Ресен ќе бидат отворена уметничка изложба „Низ четката на преспанските уметници“, а веднаш потоа членовите на Драмско студио „Престиж“ кое работи во рамки на Дом на култура „Драги Тозија“-Ресен ќе ја одиграат претставата „Магепсаното момче“.
Од секторот за односи со јавност на Општина Ресен најавија штандовска презентација на производи од јаболка која утре напладне ќе се одржи на градскиот плоштад, а во петок, на 27 септември, според востановената традиција, во Преспа ќе биде откинато првото јаболко од годинешниот род.
Во рамки на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ ќе се одржат повеќе концерти и спортски манифестации, потврдија од тамошната локална самоуправа.мт/са/
Фото: МИА