• петок, 27 септември 2024

Во Охрид викендов традиционалната хуманитарна акција „За посреќно детство“

Во Охрид викендов традиционалната хуманитарна акција „За посреќно детство“

Охрид, 25 септември 2024 (МИА) – Општинската организација на Црвениот крст од Охрид и оваа година ќе ја спроведе традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција  „За посреќно детство“, насочена кон помош и поддршка на децата со здравствени потешкотии од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебарца.

Настанот со пошироко општествено значење за заедницата предвидува повеќе содржини, а ќе започне на 28 овој месец со главната трка на младите од 11 часот од пред хотелот „Палас“ на Градскиот кеј во Охрид. Настаните и предвидените содржини ќе продолжат на платото пред  Центарот за култура „Григор Прличев“, со повеќе спортски, културно-забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди.

Учество на настанот се обезбедува со купување на учеснички број кој чини 50 денари.

Средствата собрани од продажбата на учеснички броеви за акцијата, ќе бидат наменети за ранливите категории деца. Секој кој ќе купи учеснички број станува потенцијален добитник на награда во големата наградна игра со преку 20 вредни награди (четиридневен престој во Суботица, тридневен престој во Ужице, викенд во Крушево, компјутерска галантерија и др.) и ќе има можност да се натпреварува во бројни спортски дисциплини - фудбал, ракомет, вртење хулахоп, влечење јаже, пикадо...

Продажбата на учесничките броеви е веќе во тек.  Мобилните тимови на волонтери на Црвен крст Охрид ќе бидат достапни со учесничките броеви на повеќе пунктови во градот, а учесничките броеви ќе можат да се набават и во просториите на Црвениот крст  аб/са/

фото/плакат 

 

Остани поврзан