• сабота, 23 ноември 2024

Бугарија: Потврден е првиот случај на грип за сезоната 2024-2025.

Бугарија: Потврден е првиот случај на грип за сезоната 2024-2025.

Софија, 25 октомври 2024 (МИА/БТА) - Во Националната референтна лабораторија „Грип и акутни респираторни заболувања“ при бугарскиот Национален центар за инфективни и паразитски болести е потврден првиот случај на грип за сезоната 2024-2025 година. Ова го објавува Центарот на својата веб-страница.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Вирусот на грип е Б/Викторија и е пронајден во респираторен примерок испратен вчера од Специјализираната болница за активно лекување на заразни болести „Проф.Иван Киров“.

Видовите на грип за годинава се „Викторија“ и „Тајланд“, кои се вклучени во составот на двете вакцини против грип што се користат во Бугарија, изјави пред неколку дена за БТА доц.Ангел Кунчев. Според него, вакцините против грип се достапни во аптекарската мрежа, а во рамките на националната програма за превенција од грип кај лицата на возраст од 65 и повеќе години, Министерството за здравство обезбедило доволно вакцини против грип. Вакцините обезбедени во рамките на програмата се дистрибуираат до општите лекари.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

Остани поврзан