• петок, 30 август 2024

Без вода повеќе улици во Карпош 3

Без вода повеќе улици во Карпош 3

Скопје, 7 август 2024 (МИА) - Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат повеќе улици во Карпош 3, поради замена на затворачи од водоводна мрежа на улица „Љубљанска“. 

Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје, прекинато водоснабдување до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од улиците „Волгоградска“, „Разловечко востание“, „Воденска“, „Невеска“, „Трифун Бузлев“, „Желево“ и комплексот Сити мол. ар/вг/


Фото/ МИА архива 

Остани поврзан