Без вода дел од корисниците во Лисиче
- ЈП Водовод и канализација - Скопје известува дека утрово од 7 часот прекинато водоснабдување имаат корисниците од улиците „Гаврил Константиновиќ“ и „Кун“ и дел од улиците „Сотир Томовски“, „Благоја Мучето“, „Митре Влаот“, „Ернест Телман“ во Лисиче.
Скопје, 12 јули 2024 (МИА) - ЈП Водовод и канализација - Скопје известува дека утрово од 7 часот прекинато водоснабдување имаат корисниците од улиците „Гаврил Константиновиќ“ и „Кун“ и дел од улиците „Сотир Томовски“, „Благоја Мучето“, „Митре Влаот“, „Ернест Телман“ во Лисиче.
Прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект од ф 80мм на ул. „Гаврил Константиновиќ“ и ќе трае до неговото отстранување.
Фото: МИА архива