Бајден остава во наследство повеќе успешни законски проекти за идниот развој на американската економија
Вашингтон, 22 ноември 2024 (МИА) Тимот на Џо Бајден брза да ги реализира сите средства доделени од Конгресот за оваа фискална година бидејќи тие знаат дека секаков нов указ од актуелниот претседател може брзо да биде укинат од неговот наследник Доналд Трамп.
Сепак, американски претседател во заминување ќе остане во историјата како еден од најуспешните убедувачи и модератори меѓу демократските и републиканските законодавци за усвојување на неколку успешни мега проекти за идниот развој на САД.
Сега, во последните неколку недели од неговот мандат, остануваат програми кои можат да се релизираат ако навреме се распределат преостанатите средства за оваа фискална година. Се работи за значајна сума од 46 милијарди долари.
-Веќе објавивме инвестиции за 74.000 инфраструктурни и проекти за чиста енергија кои катализираа речиси еден трилион долари инвестиции во приватниот сектор, ги намалија цените на лекови со рецепт, и креаираа 1.6 милиони работни места во градежништво и производство, изјавија од Белата куќа.
Бајден зад себе остава големо наследство по првите две продуктивни години од неговиот мандат. Во текот на овој период, 2021-23 година, Конгресот со двопартиска подршка ги усвои следните акти и закони:
План за спас на Америка вреден 1.9 трилиони долари со што земјата се справи со последиците од ковид пандемијата. Потоа, Законот за редукција на инфлацијата, за намалување на цените и борба со глобалното затопување. Па Законот за чипови и наука, што обезбеди 52 милијарди долари за унапредување на американската индустрија за полупроводници, и 1.2 трилиони долари вредниот Закон за инфраструктура, за подобрување на патиштата, мостовите и широкопојасен интерент во земјата.
Тимот на Бајден се надева дека сите овие закони ќе остават трајно влијание врз развојот на американската кономија во годините и децениите што следуваат, а во благо на идните генерации. кб/