Ангелов: Селото Шивец е одбрането од пожарот, огнот сега е спроти селото но не го загрозува
- Селото Шивец е одбрането од пожарот, огнот сега е спроти селото, но не го загрозува, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, попладнево во видеоизјава.
Кавадaрци, 17 јули 2024 (МИА) - Селото Шивец е одбрането од пожарот, огнот сега е спроти селото, но не го загрозува, рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, попладнево во видеоизјава.
- Опасноста по селото е намалена, мислам дека веќе има делумна контрола, најверојатно за кратко ќе биде воспоставена целосна контрола, благодарение на храброто локално население кое се искачи горе на ридот со лопати, а повеќето од нив со гранки, успеаја да ги совладаат пламените јазици, изјави Ангелов.
За жал, рече тој, пожарот продолжува да гори од задната страна.
-Ова ќе биде пожар што ќе биде многу тешко да се изгасне. Но, најважно од се е дека селото е безбедно и немаме загрозени човечки животи. Опасност за селото веќе нема, подвлече Ангелов. свд/хс/
Фото: МИА архива