Американскиот секретар за одбрана предупредува на „сеопфатна војна“ меѓу Израел и Либан
- „Војна од целосен обем меѓу Хезболах и Израел може да биде погубна за двете страни“, рече Остин
Вашингтон, 26 септември 2024 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин предупреди дека „сеопфатна војна“ ќе биде „погубна“ за Израел и за Либан, но дека прекин на огнот може да донесе време за запирање на конфликтот во Газа.
„Војна од целосен обем меѓу Хезболах и Израел може да биде погубна за двете страни“, рече Остин во Лондон, додавајќи дека прекинот на огнот „може да се искористи и за склучување и спроведување договор за обезбедување прекин на огнот во Газа“. зш/