• сабота, 23 ноември 2024

Амазон инвестира дополнителни четири милијарди долари во Anthropic

Амазон инвестира дополнителни четири милијарди долари во Anthropic

Вашингтон, 22 ноември 2024 (МИА) Амазон денеска најави дека ќе инвестира дополнителни четири милијарди долари во Anthropic, нова технолошка компанија во вештaчката интелигенција основана од поранешни вработени во OpenAI.
 
Со ова, вкупната инвестиција на Амазон во Anthropic изнесува осум милијарди долари, иако компанијата на Џеф Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, останува малцински инвеститор.
 
Антропик е од Сан Франциско и го разработува чатботот Клод со модели на вештачка интелигенција (ВИ). Амазон веб сервисите (АВС) ќе бидат „основниот облачен и тренинг партнер“ на Anthropic, се дознава од  блог пост. Компанијата ќе ги употребува чиповите на АВС Трејниум и Инференција за обука и распоредување на нејзините најголеми ВИ модели.
 
Чатботовите кои користат модели на ВИ како ЧатЏиПиТи на OpenAI и Џемини на Гугл, станаа екстремно популарни. Стартапите како Anthropic и OpenAI, покрај Гугл, Амазон, Мајкрософт и Мета, сите се дел од трката по генеративна ВИ за да не заостанат во пазарот кој до 2030 година се предвидува да ја надмине вредноста од еден трилиони долари. кб/

Остани поврзан