• петок, 27 септември 2024

Алжир бара визи за Мароканците, наведувајќи - „ционистичка шпионажа“

Алжир бара визи за Мароканците, наведувајќи - „ционистичка шпионажа“

Алжир, 26 септември 2024 (МИА) - Алжирските власти соопштија дека воведуваат визни барања за Мароканците, обвинувајќи го својот северноафрикански ривал за криминални активности на нејзина територија, вклучително и „ционистичка шпионажа“ и „шверц со дрога и луѓе“.

Во соопштението објавено од државните медиуми, се наведува дека Мароко „се вклучил во различни акции што ја загрозуваат стабилноста на Алжир“.

Тие вклучуваат дозволување на „ционистичките агенти за шпионажа кои поседуваат марокански пасоши слободно да влезат на националната територија“, покрај спроведувањето „организиран криминал, трговија со дрога и луѓе“. зш/

Остани поврзан