• петок, 27 септември 2024

Албанските бродови во Егејско Море, само годинава спасиле над 300 мигранти

Албанските бродови во Егејско Море, само годинава спасиле над 300 мигранти

Тирана, 25 септември 2024 (МИА) - Бродовите на  албанската воена морнарица, кои се дел од мисијата на НАТО во Егејското Море, во зоната на патролирање, само годинава спасиле над 300 мигранти.

-Албанија се трансформира од потрошувач во извозник на безбедност. Нашата земја 8 години придонесува во операцијата на НАТО во Егејското Море. Во изминатиот период од годинава нашите бродови реализираа над 5.500 часа патролирање, а во 10 поморски операции спасиле 304 лица на кои им овозможиле безбедно да стигнат на копно, објави на социјалните мрежи министерот за одбрана Пиро Венгу.

Во последната од овие акции, екипажот на бродот „Орику“ спасил група од 15 мигранти од Нигерија и Мароко, за што соработувал со турската крајбрежна стража за понатамошни постапки.

Од 2016 година, кога Албанија стана дел од мисијата на НАТО, во Егејско Море припадниците на албанската морнарица спасиле повеќе од три илјади илегални мигранти, меѓу нив голем број жени и деца.

-Бродот „Орику“ и неговиот екипаж, спроведоа заедничка вежба во меѓународни води со германскиот брод Pegnitz M1090. Во оваа вежба со командниот брод на мисијата „Sea Guardian“ во Егејското Море се изведени обуки според стандардите на НАТО на море. Исто така, албанскиот екипаж тестираше оперативни и интерактивни вештини со сојузничките бродови и екипажи, наведува министерот Венгу. вт/ссм/

Фото: Фејсбук Венгу

Остани поврзан