Приведен дилер, претрес во Куманово,пронајдена дрога
- Во Куманово вчера во 11:10 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(24) од Куманово, соопштија од МВР.
Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) - Во Куманово вчера во 11:10 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(24) од Куманово, соопштија од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, стои во соопштението, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/
Фото: МИА архива