Цистерна за миење и чистење улици за почист воздух во Струга
- авното претпријатие „Комунално“ доби камион цистерна за миење и чистење улици, соопшти денеска Општина Струга.
Струга, 20 јануари 2026 (МИА) - Јавното претпријатие „Комунално“ доби камион цистерна за миење и чистење улици, соопшти денеска Општина Струга.
Инвестицијата е дел од проектот „Справување со загадување на воздухот – фаза 2“, финансиран од УНДП, а се реализира преку Одделението за локален економски развој (ЛЕР) при Општина Струга.
- Со оваа инвестиција се зајакнуваат капацитетите на претпријатието за одржување на јавната хигиена и се придонесува кон намалување на прашината и аерозагадувањето, особено во урбаните делови на градот, стои во информацијата.
Општина Струга, како што е наведено, ќе остане посветена на имплементација на конкретни мерки за подобрување на квалитетот на живот и заштита на животната средина, во партнерство со меѓународни организации и домашни институции. сс/вј/
Фото: Општина Струга