Утврден план за обуки на битолските пожарникари и стручна поддршка на претријатија во градот
- Битолската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) утврди план за изведување на стручна настава и обука со работниците во ТППЕ-Битола, како задолжителна инструкција за изведување стручна настава и обуки со, работниците во професионалните противпожарни единици во состав на локалната самноуправа.
Битола, 20 јануари 2026 (МИА) -Битолската Територијална противпожарна единица (ТППЕ) утврди план за изведување на стручна настава и обука со работниците во ТППЕ-Битола, како задолжителна инструкција за изведување стручна настава и обуки со, работниците во професионалните противпожарни единици во состав на локалната самноуправа.
Во едукативниот процес застапени се наставни предмети поврзани со прописите од областа на заштитата од пожари, противпожарни опасности и мерки за заштита, противпожарни справи и опрема, тактика, пружање прва помош, но и вежби за физичка активност на пожарникарите.
Територијалната противпожарна единица-Битола ја утврди и генералната програма за работа во 2026 година, во која предвидени се повеќе превентивни активности кои вклучуваат директна соработка со претпријатија и установи во градот.
Според програмата, битолските пожарникари во претпријатијата ќе презентираат мерки за намалување на опасноста и ефикасно гаснење пожари на отворен простор, соработка со претпријатијата што стопанисуваат со водоводната мрежа и нивно ангажирање за надминување на лошата состојба со хидрантската мрежа во градот, како и соработка со претпријатието што врши дистрибуција на електрична енергија и обука на нивни лица за брзо исклучување на електричното напојување во објект во случај на пожар.
Во текот на оваа година ТППЕ-Битола ќе изработат картотека на објекти со постоечката хидрантска мрежа, а ќе се изврши и докомплетирање и изработка на нова картотека на улици со цел да се обзебеди, како што нагласуваат, вистинската слика за проодноста на улиците и хидрантската мрежа согласно ГИС порталот на Општина Битола. мт/вг/
Фото: МИА