• Thursday, 09 April 2026

Тепачка меѓу татко и син од неготинско село, приведени и двајцата

Тепачка меѓу татко и син од неготинско село, приведени и двајцата

Неготино, 9 април 2026 (МИА) - Полициски службеници од ОВР - Неготино синоќа во 23 часот ги лишиле од слобода 50-годишник од неготинско село и неговиот 28-годишен син, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од домот, синот со употреба на остар предмет се обидел да го нападне неговиот татко, а тој со дрвен предмет го нападнал синот, кој се здобил со повреди, констатирани во Општа болница - Кавадарци.

Како што информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес, предметите биле пронајдени и одземени, а тие биле задржани во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центарот за социјални работи  во Неготино.

- По документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, додадоа од СВР - Велес. свд/бд/

Фото: МИА архива 

You May Also Like