• Wednesday, 21 January 2026

Со меѓународна поддршка идниот месец 8. сезона на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“

Со меѓународна поддршка идниот месец 8. сезона на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“

Охрид, 20 јануари 2026 (МИА) – Со почетокот на идниот месец започнува и 8. Сезона од националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2026“.

Со порака за потребата од постоење надеж и солидарност за лицата со ретки заболувања, од 1 февруари стартува кампањата што оваа година има силен меѓународен предзнак.

Како што може да се види во официјалното видео, лекари од многу различни државаи со дланки обоени во симболичните бои на ретките болести, ја испраќаат пораката дека науката и човечноста не познаваат граници, а  обоени дланки се ветување дека пациентите со ретки заболувања не се осамени во својата тиха борба.

-Осмата сезона е доказ дека истрајноста е посилна од секој предизвик. Обоените дланки на докторите во видеото се симбол на прифаќање и разбирање. Нашата цел е знаењето да го победи стравот, а едукацијата да ги отвори вратите за подобра терапија и достоинствен живот на секој поединец со ретка дијагноза - вели Гордана Лолеска, претседател на Здружението „Ретко е да си редок“.

Инаку, како и минатите изданија, кампањата ќе продолжи со професионалната едукативна дејност, со нови текстови и видеа за ретки болести, подготвени во соработка со врвни специјалисти од Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ и регионалните болници.

Сите материјали се изработени двојазично, ќе бидат достапни на македонски и на албански јазик, со цел информациите да стигнат до секое семејство, а целиот месец февруари ќе биде исполнет со содржини што ги прават „невидливите“ дијагнози видливи за институциите и јавноста. аб/вг/

https://www.youtube.com/watch?v=GKBVPduAlcU

фото/плакат

You May Also Like