• Tuesday, 20 January 2026

СДСМ: Уште еден доказ мигранти за пари

СДСМ: Уште еден доказ мигранти за пари

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Пред неколку дена, со одлука на Владата на Мицкоски, отворена е вратата за влез на 10.000 т.н. економски работници иако во Македонија има речиси 100.000 невработени, наведува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во соопштение, кое МИА го пренесува интегрално. 

Пред ова Владата на Мицкоски го смени и Законот за странците за да го олесни доаѓањето.

Ова се поклопува во целост со пишувањето на британските медиуми за „стратешки договор“ во согласност со кој мигрантите би добиле работни визи во Македонија за работа во разни сектори.

Сега кујните на ВМРО објавуваат вести дека граѓаните не ја подджале онлајн-петицијата на СДСМ, што СДСМ ја прекина само по неколку дена затоа што ВМРО изгласа декрет како од Третиот Рајх, за забрана на слободата на говор.

Но, сега што прави ВМРО со ова?

Го користат за да наметнат мислење дека, всушност, граѓаните не ја поддржале петицијата затоа што поддржуваат доаѓање мигранти, односно т.н. економски работници, како што ја сменија терминологијата.

Драги граѓани на Македонија, дали сега ви е јасно дека договор мигранти за пари има? 

Еве преку оваа објава тие тоа и го потврдија.

Пари нема во буџетот, веќе сега недостигаат две милијарди евра на тендер-коалицијата, ВМРО - ЗНАМ им фрлаат пари за нови тендери.

Фото: МИА архива 

You May Also Like