• Thursday, 09 April 2026

Оштетена трафостаница во Одеса, руски напади и врз други делови на Украина

Оштетена трафостаница во Одеса, руски напади и врз други делови на Украина

Одеса, 9 април 2026 (МИА) – Руски дронови ја оштетиле трансформаторската станица во јужниот украински регион Одеса. Гувернерот на областа, Олех Кипер, соопшти дека нема загинати ниту повредени во нападите.

Компанијата што стопанисува со станицата соопшти дека чека одобрување од армијата за да почне со поправка на инсталацијата, но тоа засега не е можно поради тоа што областа е речиси постојано под руски оган.

Во серија воздушни напади извршени во текот на ноќта во регионот на Запорижје едно лице е убиено, додека повеќе од 40 пати областа Дњепропетровск била цела на руски напади со дронови и артилериско орудие. Информации за напади има и од Словјанск, Донјецк, Херсон и Суми.

Во рускиот регион Краснодар, остатоци од паднати дронови усмртиле еден човек на балкон од станбена зграда североисточно од Новоросијск, соопшти гувернерот Венјамин Кондратјев. аб/сд

фото/МИА архива