Рама побара државите што ја поддржуваат стабилноста да го изолираат „иранскиот режим“, нарекувајќи го „терористичка држава“
- Агресијата мора да биде изолирана, а агресорите мора да бидат недвосмислено осудени. Оние кои го избираат патот на насилството мора да се соочат со растечкото единство на оние кои го избираат мирот, порачува Рама во објавата на Х.
Тирана, 5 март 2026 (МИА) - Албанскиот премиер, Еди Рама, преку објава на „Х“, ги повика државите и институциите што ја поддржуваат стабилноста и меѓународниот поредок заснован на правила, „да го изолираат иранскиот режим“, нарекувајќи го „терористичка држава“.
„Нападот извршен врз територијата на Азербејџан, насочен кон цивилната инфраструктура во регионот Нахчиван и повредување цивили, е уште еден тежок и неприфатлив чин на агресија од страна на Хомеинистичката Република Иран против соседните земји чиј единствен „грев“ им е заеднички, да блеснат на светската сцена преку развој, просперитет и отвореност, правејќи го животот на нивниот народ подобар секој ден и правејќи Иран да изгледа уште потемен и послеп под неговиот сатански режим“, се вели во објавата.
Додаде дека Азербејџан е ценет пријател и сојузник на Албанија.
Албанскиот премиер наведува дека кога е цел на цивилната инфраструктура на други земји и кога се кршат суверените граници, линијата помеѓу агресијата и тероризмот исчезнува.
„Затоа дојде време сите држави и институции кои веруваат во стабилност, меѓународен поредок заснован на правила и мирен соживот, не само да се дистанцираат од режим кој постојано извезува насилство и заплашување надвор од своите граници, туку да се согласат за тоа што тој навистина е, терористичка држава, нагласува тој.
Цврсто стоиме зад Азербејџан, со неговото силно водство и неговиот горд народ, посочува и додадат дека патот напред мора да биде јасен.
„Агресијата мора да биде изолирана, а агресорите мора да бидат недвосмислено осудени. Оние кои го избираат патот на насилството мора да се соочат со растечкото единство на оние кои го избираат мирот“, порачува Рама во објавата на „Х“. вт/мс/
Фото: Архива