• Wednesday, 04 February 2026

Поставени заштитни столпчиња на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово

Поставени заштитни столпчиња на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово

Куманово, 3  февруари 2026 (МИА) - Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ започнаа со поставување на метални столпчиња за одделување на пешачкиот од моторниот сообраќај на дел од булеварот „Трета Македонска ударна Бригада“, соопшти денеска, кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Заштитните столпчиња за разделување на пешачкиот сообраќај од моторниот сообраќај се дел од годишната програма на ЈП „Чистота и зеленило“ за која заедно со хоризонтално обележување се одвојуваат два милиони денари.

Долж булеварите во Куманово преку проектот „Урбано раззеленување за поздраво дишење“, финансиран во рамки на прекуграничниот проект помеѓу Куманово и општина Ќустендил, се насадени нови садници. Металните столбови ќе спречат уништување на овие садници.

Претходно од општината информираа дека во рамки на проектот предвидено е садење на 220 дрвја по должината на два километарскиот булевар „Октомвриска револуција“ со поставување на клупи и канти за отпад, 137 дрвја по должината на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ со поставување на клупи и канти за отпад, поставување на зелен ѕид на паркингот на плоштад „Маршал Тито“ со систем за наводнување капка по капка, хортикултурно уредување, засадување на 16 дрва во дворот на техничко училиште, училиштен дом „Професор Мијалковиќ“.ам/вј/

Фото: Општина Куманово