Пиштол пронајден во „шкода“, скопјанец лишен од слобода
- Полициските службеници на булеварот „Борис Трајковски“ запреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. и при преглед, пронајден е пиштол со две рамки за пиштолот со 41 куршум, појаснија од МВР.
- Post By Блаже Дарудов
- 10:38, 20 January, 2026
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Пиштол бил пронајден во автомобил во Скопје, по што едно лице било лишено од слобода, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Синоќа во 21 часот на територија на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при Секторот за внатрешни работи - Скопје го лишија од слобода скопјанецот А.Г., на возраст од 37 години. Полициските службеници на булеварот „Борис Трајковски“ запреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. и при преглед, пронајден е пиштол со две рамки за пиштолот со 41 куршум, појаснија од МВР.
По документирање на случајот, како што додадоа, против А.Г. ќе биде поднесен соодветен поднесок. бд/вг/
Фото: „Фејсбук“ страница на Министерство за внатрешни работи