Петрушевски: Ветено ли му било на Заев процент од продажбата на станбените единици кои прорускиот бизнисмен Дака требал да ги гради во Тетово, проценети на 200 милиони евра?
- Ветено ли му било на Заев процент од продажбата на станбените единици кои прорускиот бизнисмен Дака требало да ги гради во Тетово, проценети на 200 милиони евра?, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, интегрален текст од прес-конференција на пратеникот Бране Петрушевски, што МИА го пренесува интегрално.
- Post By Блаже Дарудов
- 13:39, 9 April, 2026
9 април 2026
Ветено ли му било на Заев процент од продажбата на станбените единици кои прорускиот бизнисмен Дака требало да ги гради во Тетово, проценети на 200 милиони евра?, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, интегрален текст од прес-конференција на пратеникот Бране Петрушевски, што МИА го пренесува интегрално.
Дали Заев освен оние 4 милиони евра кои, Дака во аудио снимки на социјалните мрежи, вели дека му ги дал како поткуп на Заев, требало да добие и процент од продажбата на 2.000 станбени единици во Тетово?
Затоа ли СДС и ДУИ, по насока на Заев, ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваат ДУП во Тетово за прорускиот бизнисмен Дака да може да гради бетонска џунгла?
Додека СДС и Филипче молчат и не даваат одговори за нивниот врховен лидер Заев, тој купува плантажи во Африка.
И после се, СДС и Филипче не се оградуваат и дистанцираат од Заев. Време е за одговорност. Време е ЈО да го истражи овој случај.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ