• Friday, 20 March 2026

Педесет лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови во Јужна Кореја

Педесет лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови во Јужна Кореја

Сеул, 20 март 2026 (МИА) - Повеќе од 50 лица се повредени во пожар што избувна во фабрика за автомобилски делови во јужнокорејскиот град Деџон.

Се наведува дека 35 лица се во тешка состојба. Националната противпожарна служба повика на национална мобилизација за справување со пожарот во Деџон, околу 160 км јужно од главниот град Сеул.

Околу 240 лица се мобилизирани за борба против пожарот, објавија јужнокорејска новинска агенција.

Премиерот на Јужна Кореја, Ким Мин-сеок нареди „приоритет да се даде на спасувањето животи“. рп/

Фото: МИА архива