• Wednesday, 21 January 2026

Општина Кисела Вода: Почна изградбата на атмосферска канализација на улицата Томе Арсовски во Бирарија

Општина Кисела Вода: Почна изградбата на атмосферска канализација на улицата Томе Арсовски во Бирарија

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска присуствуваше на почетокот на градежните работи за изградба на атмосферска канализација на улицата Томе Арсовски во населбата Бирарија, соопштија од локалната самоуправа.

- Проектот има цел трајно решавање на проблемот со собирање и задржување на отпадните атмосферски води, кои поради специфичната теренска конфигурација, често предизвикуваат тешкотии, особено при пообилни врнежи од дожд - појаснија од Општина Кисела Вода.

Како што додадоа од таму, станува збор за значајна инфраструктурна инвестиција, финансирана од буџетот на Општина Кисела Вода.

- Изградбата и обновата на подземната инфраструктура, како што е и денешниот проект, се од суштинско значење за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и за долгорочен одржлив развој на општината - истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.

Таа додала дека вакви и слични проекти ќе продолжат и во периодот што следува, со цел системско унапредување на инфраструктурната мрежа.

- Ќе работиме во сите населби и населени места, со јасна заложба за рамномерен развој и еднаков пристап до квалитетна инфраструктура за сите жители - нагласи градоначалничката. бд/са/

Фото: Општина Кисела Вода

You May Also Like