• Wednesday, 21 January 2026

Општина Делчево ги повикува граѓаните да поднесат даночна пријава за недвижен имот

Општина Делчево ги повикува граѓаните да поднесат даночна пријава за недвижен имот

Делчево, 20 јануари 2026 (МИА) - Општина Делчево ги информира граѓаните и правните лица дека согласно Законот за данок на имот, даночните обврзници имаат обврска да поднесат даночна пријава за недвижен имот кој досега не бил пријавен за оданочување, најдоцна до 31 јануари.

Според законските одредби, обврзниците се должни во рок од 15 дена од стекнувањето на право на сопственост или право на користење на недвижен имот, истиот да го пријават за оданочување во општинската администрација. За веќе пријавен имот, нема потреба од повторно поднесување даночна пријава доколку нема промени на податоците што влијаат врз висината на даночната обврска.

Со цел поедноставување на постапката, Општина Делчево ги повикува граѓаните и правните лица да ја извршат пријавата во Општинскиот центар за услуги.

За физички лица потребно е да достават фотокопија од имотен лист издаден по завршена постапка за легализација или купопродажба на недвижниот имот, како и лична карта на увид. Правните лица, пак, треба да приложат фотокопија од имотен лист и тековна состојба од Централниот регистар.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 033/411-550. Работното време на Општина Делчево е секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, со пауза од 10:30 до 11:00 часот. вс/сст/

 

Фото: МИА

You May Also Like