• Friday, 06 February 2026

Општина Берово организира „Работнички спортски игри 2026“ во мал фудбал

Општина Берово организира „Работнички спортски игри 2026“ во мал фудбал

Берово, 5 февруари 2026 (МИА) – Со цел унапредување на спортската култура, промоција на активен и здрав начин на живот и зајакнување на меѓуинституционалната соработка, Општина Берово ги организира „Работничките спортски игри 2026“ во дисциплината мал фудбал.

Настанот ќе се реализира во периодот февруари – март 2026 година, а на турнирот ќе можат да учествуваат исклучиво лица кои се жители на Општините Берово и Пехчево.

-Првиот организациски состанок е закажан за 9 февруари (понеделник), со почеток во 14:00 часот, во Салата за Совет на Општина Берово. На состанокот, секоја заинтересирана екипа треба да биде претставена со по еден член, кој ќе се запознае со правилата и прописите за игрите, информираа од Општина Берово.

Рокот за пријавување на екипите е до 16 февруари (понеделник), до 14:00 часот, а планираниот почеток на турнирот е 19 февруари (четврток), во зависност од временските услови.

-Пред извлекувањето на групите, сите пријавени екипи се должни да достават конечен список со 12 играчи, кој ќе важи до завршувањето на турнирот без можност за измени. Пријавите се поднесуваат во просториите на Општина Берово. За повеќе информации, контакт лица се: Новица Печински, тел. 078 568 818, и Зоран Нешкевски, тел. 071 626 649, додадоа од Општината.

За најуспешните учесници ќе бидат обезбедени пригодни награди од страна на Општина Берово. вс/вј/

Фото: Општина Берово