• Tuesday, 20 January 2026

Почнува тестирањето на камерите за сообраќаен надзор во рамките на „Безбеден град“

Почнува тестирањето на камерите за сообраќаен надзор во рамките на „Безбеден град“

Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Во рамките на проектот „Безбеден град“, од денеска до 31 јануари, ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, за време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на кои се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.

Направивме увид на системот „Безбеден град“ што е инвестиција на општината, но во периодот што следи треба да биде интегриран на оној поголем систем што планира МВР да го реализира. Тоа е мно

Во првата недела од предвидениот период активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје.

- Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности - се наведува во соопштението од МВР. мд/са/

Фото: МИА архива 

 

You May Also Like