Настап на реномирани уметници од Полска и Грција на завршниот концерт на „КЛАРИФЕСТ-Скопје 2026“
- Како што информираат организаторите, Здружението за култура и уметност АРТИСТИКО-Скопје, на концертот ќе настапат реномирани интернационални солисти на кларинет и басет кларинет Милтос Мумулидес од Грција и Роман Виташек, Богдан Очешак и Павел Краузович од Полска, а во придружба на нашата истакната пијанистка Елена Атанасовска-Ивановска. Како гости на концертот ќе настапат и нашите истакнати кларинетисти Ристо Ѓоревски и Игор Бакревски.
- Post By Виолета Геров
- 09:23, 29 March, 2026
Скопје, 29 март 2026 (МИА) - Завршниот концерт на 8-от Меѓународен фестивал за кларинети "КЛАРИФЕСТ-Скопје 2026", ќе се одржи денеска во КИЦ-Скопје (Салон 19:19) со почеток од 20 часот.
Како што информираат организаторите, Здружението за култура и уметност АРТИСТИКО-Скопје, на концертот ќе настапат реномирани интернационални солисти на кларинет и басет кларинет Милтос Мумулидес од Грција и Роман Виташек, Богдан Очешак и Павел Краузович од Полска, а во придружба на нашата истакната пијанистка Елена Атанасовска-Ивановска. Како гости на концертот ќе настапат и нашите истакнати кларинетисти Ристо Ѓоревски и Игор Бакревски.
На концертот ќе бидат изведени дела од Телеман, Моцарт, Менделсон, Мангани, Блоx, Чирчински и други, а повеќето од нив ќе прозвучат премиерно во нашата држава.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Амбасадите на Полска и Грција во Скопје.
Влезот на концертот ќе биде бесплатен. вг/
Фото: плакат