Наградени првенци на МНТ Тони Михајловски и Тања Кочовска на два фестивали
- - Актерот Тони Михајловски ја доби наградата за најдобар актер на вечерта, доделена веднаш по изведбата на претставата на јубилејното 30. издание на фестивалот „Актерски свечености - Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац. Настапот на ансамблот беше проследен со силни аплаузи и одличен прием од фестивалската публика и стручната јавност. „Актерски свечености - Миливоје Живановиќ“ е реномиран театарски фестивал што од 1995 година се одржува во Центарот за култура во Пожаревац, во чест на еден од најголемите српски актери - Миливоје Живановиќ. Фестивалот традиционално се одржува во првата недела од април и на публиката ѝ нуди селекција на најдобрите претстави од годишната продукција на престижни театри во Србија и регионот, се додава во соопштението.
- Post By Блаже Дарудов
- 13:08, 9 April, 2026
You need to login to view this page en