• Tuesday, 07 April 2026
МИА Најави МКД

7 април 2026

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе има средба со досегашните претседатели на законодавниот дом. (Охридска сала/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 5/12:00

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија. (Сала 4/13:00)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на 19 улици во Општина Аеродром. (11:00 / предвидена е изјава на премиерот Мицкоски / Локација: https://maps.app.goo.gl/tRkFGnVU9FBEapMm7?g_st=av)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во соработка со ИПА 2020 проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ ќе одржи настан по повод официјалното започнување на јавната кампања „Лобирање во Северна Македонија“. (Простории на ДКСК, сала на II кат/10:30)

Скопје - Македонското лекарско друштво по повод 7 Април - Светскиот ден на здравјето организира свечен собир. (х.Рагуза-Парк/13:00)

Скопје - ЈЗУ ЗД Железничар Скопје, по повод 7 Април, Светскиот ден на здравјето организира бесплатни, превентивни прегледи со цел навремено откривање и превенција на заболување. (Плато пред влезот на ЈЗУ ЗД Железничар/12:00-14:00)

Скопје -  Прес-конференција на претседателот на Синдикатот за шумарство, Живко Митревски. (х.„Елза-Ангелс“, ул.„Македонија“/10:00)

Скопје - Промоција на книгатa „Податочни науки и машинско учење со програмирање во  PYTHON“ на проф. д-р Беким Фетаји, ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ и прес-конференција на која официјално ќе бидат претставени забелешките одобрени од Сенатот на УМТ во врска со трите предлог-закони за високо образование, квалитет и наука. (Универзитетот „Мајка Тереза“, Аудиоториум 107/13:00)

Гевгелија - Саем за вработување во Гевгелија, во организација на МЕГА Шопинг Парк. (Сала ДТВ „Партизан“/9:00)

Истанбул - Македонскиот културен центар во Истанбул ќе ја отвори изложбата „H.O.P.E. - Harmonies of Presence & Empathy“ на македонската уметница Илина Арсова. (19:00)

Скопје - Предавање на тема „Жанровите на класичната кинеска поезија“ на Игор Радев. (МАНУ/13:00)

Скопје - Промоција на романот „Немам страв“ од Трајче Стамески. (Културно-информативен центар,салон „19:19“/19:19)

Скопје - Промоција на книгата „Корона пандемија - приказна за возрасни“ од Росано Чолаков. (КИЦ/19:30)

Скопје - Промоција на книгата „Избришаното уживање: Клиторисот и мислата“ од француската филозофина и феминистичка теоретичарка Катрин Малабу. (Простор FRANZ, поранешен Клуб на новинари/19:00)

Скопје - Студентска тематска изложба „Дисторзии“. (Младинскиот културен центар/19:00)

Скопје - ЈУ. Детски културен центар ,,Карпош’’ организира крос трка по повод Меѓународната недела на здравјето. (Тартан патека во Градскиот парк/11:00)

Скопје - Рецитал на македонската пијанистка Марија Ѓошевска. (Филхармонија, камерна сала /20:00)

Скопје - Панукла сесии #01: Сер Ричард Бишоп и Делиниколов/Лукаш дуо.  (Клуб Котур/21:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***