Коалицијата на подготвените го поддржува постигнувањето траен и праведен мир
- Британските меидуми пренесуваат дека во заедничка изјава лидерите на трите европски земји потврдија дека Коалицијата на подготвените ќе игра улога во обезбедувањето „повеќеслојни безбедносни гаранции“
Kиев, 24 февруари 2026 (МИА) - Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија денеска изјавија дека сè уште „непоколебливо ја поддржуваат“ посветеноста за постигнување траен и праведен мир во Украина, на денот кога се одбележува четвртата годишнина од почетокот на војната во Украина.
Британските меидуми пренесуваат дека во заедничка изјава лидерите на трите европски земји потврдија дека Коалицијата на подготвените ќе игра улога во обезбедувањето „повеќеслојни безбедносни гаранции“.
Коалицијата на подготвените се одржа денеска, а преку видео врска или во живо во Киев на неа учествуваа лидерите на 36 земји, вклучувајќи го претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, премиерите на Хрватска, Латвија, Естонија, Исланд, Литванија, Данска, Шведска, Норвешка и Финска , тие нагласија дека на Украина мора да ѝ се помогне за да се одбрани.
„Фактот дека преговорите се во тек не значи дека не треба да ѝ помогнеме на Украина. Ние многу добро разбираме дека (рускиот претседател Владимир) Путин се обидува да ги одложи преговорите, дека само едно лице стои на патот на напредокот во преговорите, а тоа лице е Путин“, рече британскиот премиер Кир Стармер, која на средбата учествуваше преку видео врска. сд/ ми/
Фото:ЕПА