Исчистен одронот на патот Катланово - Велес, сообраќајот нормализиран
- Од 10.30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово - Велес е исчистен, сообраќајот е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти, соопшти денеска АМСМ.
Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Од 10.30 часот одронот на патниот правец А1 Катланово - Велес е исчистен, сообраќајот е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти - соопшти денеска АМСМ.
Изутринава, од 8.40 часот, поради одрон на патниот правец А1 Катланово - Велес, на 2,5 километра по бензинската станица „Детоил“, сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента во должина од 20 до 25 метри. мд/вг/
Фото: Велес