Иранците одбележуваат 40 дена од смртта на ајатолахот Али Хамнеи
- Илјадници Иранци денеска излегоа на улиците на Техеран за да обележат 40 дена од убиството на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи
- Post By Марина Илиевска
- 13:24, 9 April, 2026
Техеран, 9 април 2026 (МИА) – Илјадници Иранци денеска излегоа на улиците на Техеран за да обележат 40 дена од убиството на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.
Во шиитскиот ислам 40 ден по смртта означува созревање на душата на починатото лице и крај на периодот на жалост.
Насобраниот народ вее ирански знамиња и носи фотографии од покојниот ајатолах.
Ајатолахот Али Хамнеи загина на 28 февруари, на првиот ден од американско-израелските напади врз Иран, а за негов наследник е избран неговиот син Моџтаба. ми/сд/
фото: ЕПА