Израел почна нов бран напади врз Иран
- Израел денеска почна нов бран напади врз Иран, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп му порача да не ги повторува нападите врз енергетската инфраструктура на Иран, што доведе до ескалација на американско-израелската војна против Иран.
Ерусалим, 20 март 2026 (МИА) - Израел денеска почна нов бран напади врз Иран, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп му порача да не ги повторува нападите врз енергетската инфраструктура на Иран, што доведе до ескалација на американско-израелската војна против Иран.
Во конфликтот загинаа илјадници луѓе, а тој се прошири во соседните земји и ја наруши светската економија откако САД и Израел почнаа со напади на 28 февруари и откако разговорите за нуклеарната програма на Техеран не доведоа до договор.
- Израелските одбранбени сили (ИДФ) штотуку започнаа бран напади врз инфраструктурата на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран, изјави портпарол на Израелските одбранбени сили (ИДФ), но не даде детали.
Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати соопштија дека се соочуваат со ракетни напади рано изутринава по повеќедневните ирански напади врз регионалната енергетска инфраструктура кои ги вознемирија глобалните пазари. рп/
Фото: МИА архива