Зошто живеат пет години подолго: Жените се „вентилираат“ со другарките, мажите на стрес одговараат со цигари и алкохол
- Животниот век на жените, во Европа и кај нас е речиси за пет години подолг од оној на мажите. Во што жените се подобри од мажите, па со тоа и подолговечни или пак, мажите некаде потфрлаат? Според докторот по психолошки науки Фики Гаспар, има три работи во кои жените се подобри од мажите, па поради тоа и се подолговечни. Прво и клучно, жените повеќе си комуницираат меѓусебно, си ги кажуваат емоциите и маките, па полесно се ослободуваат од стресот, а без стрес нема болест. Второ, мажите не знаат да се носат со притисокот, па стануваат порочни што пак, носи болест. И трето, мажите се потешки кога станува збор за навремено одење на лекар. Според професорката по социолошки науки Аница Драговиќ пак, колку долго ќе се живее зависи од биологијата (мажите се здравствено послаб пол, почесто заболуваат акутно и фатално, за разлика од жените кои почесто имаат хронични болести), од стилот на живеење (мажите пушат и пијат, а имаат и ризична работа), но и од државата и здравствените услуги.
- Post By МИА Агенција
- 11:45, 29 March, 2026
You need to login to view this page en