Градоначалникот Тони Коњановски во работна посета на ЈП „Паркинзи“-Битола
- Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски оствари посета на Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Битола – ЈП „Паркинзи“.
Битола, 20 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски оствари посета на Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Битола – ЈП „Паркинзи“.
За време на работната средба со директорот на претпријатието Зоран Михајловски, градоачалникот Коњановски беше информиран за работата на ЈП „Паркинзи“.
-Градоначалникот беше запознат со работата на јавното претпријатие во текот на 2025 година, како и за плановите и предизвиците во оваа 2026 година. Се разговараше за обезбедување нови паркинг места во градот, за услугите кои ги дава ова јавно претпријатие на постоечките паркинзи и за корекција на цената на услугата, соопштија од Општина Битола.
Како што е познато, во ЈП „Паркизни“ вработени се 59 лица, а во оваа година планирано е да се вработат 12 лица. Претпријатието во Битола го регулира паркирањето во градот во три зони и четири затворени паркинзи. Во оваа година според планот на претпријатието треба да се отвори нов паркинг на локацијата кај поранешни бараки на УЈП во Битола, на улицата „Народни херои“ кај битолската Болница, додека на паркингот од Нов Пазар ќе има затворен паркинг за што наскоро ќе биде поставен систем за наплата.мт/вј/
Фото: Општина Битола