Герасимовски: Светиот крст донесе благослов и желби за благосостојба на сите граѓани во Општина Центар
- Градоначалникот Горан Герасимовски денеска во просториите на Општина Центар го примил Дарко Митровиќ, кој вчера, на празникот Богојавление – Водици, го извади светиот крст од водите на Вардар. Тој беше најсреќниот меѓу 160-те учесници на централната манифестација кај мостот „Слобода“ во Скопје.
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Градоначалникот Горан Герасимовски денеска во просториите на Општина Центар го примил Дарко Митровиќ, кој вчера, на празникот Богојавление – Водици, го извади светиот крст од водите на Вардар. Тој беше најсреќниот меѓу 160-те учесници на централната манифестација кај мостот „Слобода“ во Скопје.
-Општина Центар уште еднаш му го честита овој голем успех и му посакува благословот да го следи него и неговото семејство во текот на целата година. Дарко дојде во посета на општината носејќи го со себе светиот крст, со што симболично го пренесе благословот до сите служби и граѓани. Оваа посета беше посветена на заедничките желби за здравје, среќа и општа благосостојба на сите кои живеат и работат во Центар, соопшти Општина Центар.

Подвигот на Митровиќ му го честитал градоначалникот Герасимовски.
-Ми претставуваше искрено задоволство што лично му честитав на Дарко за неговиот подвиг. Тој денеска дојде со светиот крст како симбол на надеж и духовен мир, со искрена желба за среќа и просперитет на сите негови сограѓани. Општина Центар секогаш ќе ги негува традициите што нè обединуваат и носат позитивна енергија во нашето секојдневие, изјавил градоначалникот на Центар. хс/вј/
Фото: Општина Центар