• Wednesday, 04 February 2026

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 18 луѓе

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 18 луѓе

Газа, 4 февруари 2026 (МИА) – Најмалку 18 луѓе загинаа во денешните борби во Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство под контрола на Хамас.

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека извршила неколку напади во северниот дел на Појасот Газа откако Палестинците отвориле оган врз израелските војници.

ИДФ наведе дека еден израелски војник е потешко повреден.

Според палестинските здравствени власти, четворица од 18 жртви, загинале во јужниот дел на енклавата.

Израел и Хамас на 10 октомври минатата година постигнаа примирје, но тоа повеќе пати е прекршено. ми/сд/

фото: ДПА