Во Собранието сè уште се комплетира листата на пратеници за работната група за Изборниот законик
- До крајот на неделата се очекува Собранието до Министерството за правда да ги испрати предложените имиња од страна на парламентарните партии и независните пратеници, кое треба да формира работна група за нов Изборен законик, кој е дел од реформската агенда. За МИА од Собранието велат дека се очекуваат имињата на претставниците од ДУИ и од ЗНАМ. По двајца претставници досега номинирале владејачката ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“, Левицата и СДСМ. Во работната група се очекува свои претставници да имаат и независните пратеници.
You need to login to view this page en