• Wednesday, 21 January 2026

Во Давос средба на Виткоф и Кушнер со Дмитриев

Во Давос средба на Виткоф и Кушнер со Дмитриев

Давос, 20 јануари 2026 (МИА) – Специјалните пратеници на американскиот и на рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин вечерва имаа средба на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

Стив Виткоф и Џаред Кушнер се сретнаа со Кирил Дмитриев во така наречената Американска куќа.

Виткоф по средбата изјави дека „се било многу позитивно“.

- Состаноците минуваат конструктивно. Се повеќе луѓе ја препознаваат исправноста на ставот на Русија, посочи Дмитриев.

Средбата на американските со рускиот преговарач траела повеќе од два часа. ми/

фото: ЕПА архива