Без вода високата зона во Неготино поради дефект
- Од Јавното претпријатие „Комуналец“ - Неготино информираа дека причината е дефект на главната линија за висока зона под резервоарот.
Неготино, 5 март 2026 (МИА) - Без вода за пиење од синоќа е високата зона во Неготино.
Од Јавното претпријатие „Комуналец“ - Неготино информираа дека причината е дефект на главната линија за висока зона под резервоарот.
Најавија дека на санирање на дефектот ќе се работи во текот на денов.
- Водата ќе биде пуштена веднаш по санирањето на дефектот, соопштија од претпријатието. свд/лв/
Фото: МИА архива