Американски воени бродови се распоредија на Хаити
- Американските бродови „УСС стокдејл“ (USS Stockdale), „УСЦГЦ стоун“ (USCGC Stone) и „УСЦГЦ дилиџенс“ впловија во заливот Порт-о-Пренс за да „ја одразат непоколебливата посветеност на САД на безбедноста, стабилноста и посветлата иднина на Хаити, објави Амбасадата на САД на Хаити на платформата „Икс“
Вашингтон, 4 февруари 2026 (МИА) - Американските бродови „УСС стокдејл“ (USS Stockdale), „УСЦГЦ стоун“ (USCGC Stone) и „УСЦГЦ дилиџенс“ впловија во заливот Порт-о-Пренс за да „ја одразат непоколебливата посветеност на САД на безбедноста, стабилноста и посветлата иднина на Хаити, објави Амбасадата на САД на Хаити на платформата „Икс“.
Американската флотила е испратена на Хаити по наредна на министерот за одбрана Пит Хегсет како дел од „Операцијата Јужно копје“ насочена против наводните шверцери со наркотици на Карибите и источниот дел од Пацификот.
Хаити со години е во криза, а од 2016 година нема одржано избори. Поради насилствата помеѓу бандите, поранешниот премиер на Хаити, Ариел Анри, поднесе оставка во 2024 година, што ја втурна земјата во безбедносна, економска и здравствена криза. Мандатот на Преодниот претседателски совет завршува на 7 февруари.
Хаити е најсиромашната земја на западната хемисфера, а големи делови од територијата се под контрола на сопернички вооружени банди, кои вршат убиства, силувања и киднапирања. ми/сд/
фото: Икс