• Friday, 27 September 2024

Ф1: Рикардо доби отказ во Ред Бул, Лосон негова замена

Ф1: Рикардо доби отказ во Ред Бул, Лосон негова замена

 

Лондон, 26 септември 2024 (МИА) – Тимот Ред Бул го отпушти австралискиот возач Даниел Рикардо, а на неговото место до крајот на сезоната во Формула 1 ќе настапува Новозеланѓанецот Лиам Лосон.

По минатонеделната трка во Сингапур се појавија шпекулации дека австралискиот возач ќе добие отказ од јуниорскиот тим на Ред Бул, што сега и официјално е потврдено.

За 35-годишниот Рикардо ова би можело да значи крај на кариерата во Формула 1, во која оствари осум победи на 257 трки во 14 сезони.

Такво сценарио Рикардо самиот го навести во објава на Инстаграм.

„Целиот свој живот го сакав овој. Див е и прекрасен. Им благодарам на тимовите и поединците со кои работев, како и на навивачите кои понекогаш го сакаат овој спорт повеќе од мене. Секогаш има подеми и падови, но беше забавно и не би променил ништо. До следната авантура“, напиша Рикардо. ег

ФОТО: Фејсбук